Во Македонија, како мултиетничка, мултиконфенсионална, мултилингвистичка држава, човековите права и слободи, кога се во прашање ЕГИПКАНИТЕ, истите не се почитуваат, и во најлош случај имамо грубо кршење на истите.
Египканите не се составен дел од Уставната Преамбула, не е официјализиран 24 Јуни-Денот на Балканските Египкани, имаме примена на сие видови Дискриминација, сегрегација и сепарација, немаме соодветна и правична застапеност, немамениту 1 деклариран а вработен Египканец согласно Рамковниот Договор, не се стимулира приватниот сектор кај Египканите, немаме стипенди за ученици и студенти Египкани на државно ниво, исклучени сме од инклузивните процеси, а тоа дава состојба на фрустрација на етникумот.
Многу млади интелектуалци, ја напуштаат државата, бидејки не гледаа иднина во државата. Ние, сме мал етникум, и сме ,,интересни,, само пред и за време на избори.Тоа не фер и коректен пристап кон нас. Немаме ниту пратеник, ниту Министер, зам Министер , Директор немаме ниту Раководител.Тоа, е поразително.Ако, не сакаат да не асимилираат во други етникуми, државата треба да вложува во унапредување во правата на Египканите, истакна Дипл.правник Демир Далип кој додаде според сите статистички елементи, Египканите можат да имат и тоа какво влијао ние во целокуниот општествено-политички , културе и економски живот во Македонија.