Почина Видое Видически.

Почина Видое Видически. Тој беше  хроничар на град Охрид. Видически во далечната 1957 година  го основал и бил прв директор, новинар и спикер на локалната радиостаница  Радио Охрид.

Видое Видически е роден е во Охрид 1931 г.Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, Филолошки факултет во Скопје. Видически беше член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 г.

По завршувањето на средното образование, работел како постојан дописник на Радио Скопје  од Охрид.По половина година прекинува со работењето за да започне со редовни студии во Скопје.

Во 1955 г. како прв директор го основа Околискиот историски архив во Охрид.

Видически беше добитник на многу награди :

Наградата на РТС  на Струшките вечери на поезијата во 1971 г.

Награда на книгоиздателството „детска радост “ од Скопје за најдобра книга  меѓу двата САЕМА НА КНИГАТА  1994 г.

Издавачката куќа „Дијалог “ од Скопје за збриката песни ВИЕ го награди Видически со награда за најдобра книга за 2009 во конкуренција на 12 наслови од сопствената продукција.

СЕДМО НОЕМВРИСКА НАГРАДА  на град Охрид  1977 г.