Охрид се простува од истакнатиот писател и хроничар на градот, Видое Видически.
Загубивме вреден и голем човек, кој преку својата посветена работа и долгогодишно творештво остави значајни дела и силен печат во историјата на Охрид.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид го упатувам моето искрено сочувство до семејството и неговите пријатели. Нека почива во мир и нека му е вечна слава.