Голема украсна Бадникова пештера денес е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос.
Бадниковата пештера е подарок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица.
Пештерата е со димензии од 2,5 метри широчина и 3 метри височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството
Пештерата на градскиот плоштад ќе биде поставена до Водици.