Најостро го осудувам палењето на контејнери на неколку локации кое се случило вчера вечер.
Уништувањето и вандализмот мора силно да се санкционираат и затоа ги повикувам надлежните да ги откријат вандалите.
Ваквиот чин е неразбирлив за мене,а штета трпат сите граѓани на Охрид.
Голема благодарност до противпожарната служба која брзо и навремено реагираше и спречи евентуална поголема штета.
Охрид е туристички град каде мирот и спокојството на граѓаните и туристите е од најголемо значење.