Извесен период томографот во охридската Општа боница не е во функција. Токму затоа пациентите се препраќаат во приватните клиники, или пак кој како ќе се снајде.
Како што истакнува директорот на Општата болница д-р Горан Балев, изминатиов период со томографот се извршени преку 16 000 прегледи при што дошло до негово целосно прегорување на цевката со која се врши главната функција при снимањето.
-Ивршени се преку 16 000 прегледи. Ги покривавме Битола, Струга и останатите околни градови од каде што доаѓаа пациенти. Сега преговаравме со Министерството за здравство, јас лично остварив средба со министерот Венко Филипче доколу се може да се набави нов или да се смени цевката со која се врши целиот зафат. Исто така со овој томограф ги покривавме и потребите на болницата за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”, истакнува директорот Балев.
Комплетно нов томограф чини 117 илјади евра, инвестиција која во овој момент поради ковид ситуацијата е речиси невозможна.
-Екипата која ја работеше својата работа на томографот беше перфектна, но дојде до прегорување на цевката. Со овој томограф се правеа тешки зрачења, па сега како алтернатива гледаме дали да се промени цевката која е клучен дел или да се купува комплетно нов томограф, додава Балев.
Она што најбрзо би можело да се направи според директорот Балев, е да се овозможат средства од надлежното министерство за замена на нова цевка од страна на производителот од кој е набавен томографот, бидејќи е целосно истрошена.
Балев додаде и тоа дека хитните случаи во периодов се праќаат во Струга, оние што се за одложување се одложуваат, додека пак дел од пациентите одат во приватните клиники.