Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.12.2020 година ( вторник ) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 11:00 часот.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 52 седница
- Предлог – Одлука за верификација на мандат на член во советот на општина Охрид.
- Предлог -Решение за именување член во комисијата за верификација, избори и именувања
- Предлог -Решение за именување член во комисијата за урбанизам.
- Предлог-Решение за именување член во комисијата за финансии и буџет.
- Предлог – програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог – програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог – развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2021 – 2023 година.
- Предлог – програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година.
- Предлог – програма за заштита на животната средина и природата за 2021 година.
- Предлог – програма за спорт и рекреација за 2021 година.
- Предлог – програма за млади и невладини организации за 2021 година.
- Предлог – програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2021 година.
- Предлог – програма за детска заштита за 2021 година.
- Предлог – програма за социјална заштита за 2021 година.
- Предлог – програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2021 година.
- Предлог – Програма за одбележување празници и манифестации во 2021 година.
- Предлог – програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2021 година.
- Предлог – програма за работа на Советот на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог – развојна програма за уредување градежно земјиште за 2021-2023 година.
- Предлог – програма за енергетска ефикасност за 2021 година.
- Предлог – програма за јавно осветлување за 2021 година.
- Предлог – програма за одржување на јавна чистота за 2021 година.
- Предлог – програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2021 година.
- Предлог – програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година.
- Предлог – Развојна програма за други комунални услуги за 2021-2023 година.
- Предлог – програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година.
- Предлог – програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година.
- Предлог – развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 до 2023 година.
- Предлог – развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2021 – 2023 година.
- Предлог – буџет на единицата на локалната самоуправа за 2021 година.
- Предлог – одлука за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2021 година.
- Предлог- Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година.
- Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за усвојување на Планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за усвојување на План Програмата за работа и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2021 година.
- Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог- годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
- Предлог – оперативна програма за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патишта и улици на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ – Охрид.
- Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ООУ “Григор Прличев“ – Охрид.
- Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОСУ “Св. Климент Охридски“ – Охрид.
- Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потр ебите на СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.
- Предлог- Одлука за ослободување од плаќање надоместок за користење на спортки терен.
- Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 4035/1,4036/1, 4037/1, 4038/1,4036/2 и 4037/3 за КО Охрид 4.
- Предлог- Одлука за формирање локалeн совет за превенција за подрачјето на општина Охрид.
- Предлог- Одлука за ослободување од плаќање надоместок на превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог- Одлука за преземање на водоводот од МЗ Куратица и отстапување на ЈП„Водовод“ – Охрид.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот за услуги на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Водовод“ – Охрид за 2021 година.
- Предлог- Одлука за дополнување на одлуката за утрдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори – Охрид.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ -Охрид за регулиран период 2021-2023 година.