Вечерва во доцните часови заседаваше извршниот одбор на СДСМ Охрид , каде едногласно се разреши досегашниот секретар Васко Паскали кој исто така е директор на Националниот Парк Галичица а на негово место по предлог на Претседателот и Пратеникот Лазе Танески е поставен Ристе Недески – директорот на КПУ Затвор Охрид.
Дали Лазе Танески го спрема Ристе Недески за претседател на СДСМ Охрид ?
Се поизвесно е разрешувањето на Лазе Таневски во Сдсм Охрид , каде секојдневно неговите сопартијци и симпатизери му изразуваат незадоволство.
ОхридВест дознава дека за претседателското столче се борат повеќе функционери и бизнисмени :
-Директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски.
– Поранешниот претседател на Сдсм Охрид и познат Бизнисмен Науме Јованоски Чакар.
– Александар Ристески – Вработен во Царинска управана СРМ и поранешен претседател на Сдсм Млади.
– Ристо Николески – Заменик Градоначалник, советник во општина Охрид и професор по историја во Гимназија.
-Бизнисмен кој тргува со градежни материјали и има голема подршка од крилото на Шекеринска и Манчески.
– И Фаворитот на Лазе Танески – Директорот на КПУ Затвор Охрид Ристе Недески , поранешен организационен секретар а сега Генерален секретар на Сдсм Охрид.
Новиот претседател ќе има голема улога во одлуката за тоа кој ќе биде кандидатот за градоначалник на Сдсм за следните Локални избори кои треба да се одржат за 8 месеци, бидејки секој од овие кандидати за претседател си имаат свои фаворити за кандидати за градоначалник . Како што се -Тандемот Лазе Танески и Ристе Недески нивниот Фаворит е Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид – Д-р Горан Балев кој го спремаат за нов кандидат за градоначалник на Сдсм Охрид.
Претседател се избира и кај Социалдемократската Младина !!!
Таму како најсериозни за претседателското столче се јавуваат двајца кандидати :
Бојан Михајлоски и Христијан Mујоски
Бојан Михајлоски – има подршка од Актуелниот претседател Никола Ристески , советникот Ристе Булоски кој пред 4 години на внатрепартиското гласање освои најмногу гласови и тандемот Лазе Танески Ристе Недески .
Христијан – бизнисмен од Охрид – има подршка од видни бизнисмени кои се симпатизери на Сдсм Охрид , Функционери во партијата ,8 јавни Функционери и др.
Во ова време кога внатрепартиските борби во Сдсм Охрид се најжешки од било кога се појавува и фракција која можеби ќе се претвори во партија а како што велат тие сигурно на следните избори ке настапат како независни предводени во Охрид од познат Бизнисмен кој се занимава со превозни услуги.
Калкулациите , внатрепартиските борби ќе продолжат а од тоа како ке завршат ќе зависи и иднината на Сдсм Охрид.