Здружението на Египќаните „Пирамида ЗЕМ“ од Охрид и на крајот од оваа календарска година продолжува со хуманитарните акции кои ги спроведуваше во текот на целата 2020.
Дел од акцијата веше и советникот Бесим Демиров кој е припадник на етничката заедница Египќани и е дел од Советот на Општина Охрид.
Акцијата е спонзорирана од „Витаминка“, потоа „Мегастар Продукција“ како и Б7 Продукција – фирма издавач на порталот Охрид Вест во кој работат млади Египќани.
Во текот на 2020 година „Здружението Пирамида ЗЕМ“ спроведе повеќе хуманитарни акции кога беа поделени поголеми количини храна и други намирници за семејства од заедницата Египќани.