Почитувани,
ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека до крајот на февруари во Премиум зоната паркирањето останува 30 денари за час.
Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ вчера ја измени и продолжи одлуката за цената на паркирање во Премиум зоната.
Претходната одлука важеше до денеска а со ново усвоената одлука паркирањето во центарот на Охрид во Премиум зона со која стопанисува ЈП Билјанини Извори и натаму ќе чини 30 денари час и ќе важи до 28 февруари, 2021 година.