Се известуваат корисниците од горната зона на С.Лескоец дека по три
дена макотрпна работа од неколку екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид, конечно е
саниран комплицираниот дефект и од денес водоснабдувањето е
нормализирано во целост.
Воедно јавно им се извинуваме за непријатноста да се биде без вода
неколку дена во време на пандемија и им благодариме за трпението и
разбирањето, стои во соопштението на Водовод Охрид.