ЗАВРШИ ПЕДЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На педесет и третата седница на Советот на општина Охрид, предлагачот на дневниот ред ги повлече предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година и предлог одлука за ослободување од плаќање надоместок за користење на спортки терен, додека дневниот ред беше надополнет со предлог заклучок за утврдување на сообраќаен режим на улицата „Железничка“  кој беше усвоен и предлог за давање согласност за утврдување на тарифа за собирање на отпадни води 2021 – 2023 кој не беше усвоен.

На седницата беа усвоени предлог одлуките за верификација на мандат на член  во советот на општина Охрид, за именување член во комисијата за верификација, избори и именувања, за именување член  во комисијата за урбанизам, за именување член во комисијата за финансии и буџет, за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.

Во текот на расправата по однос на точките за усвојување на предлог програмите беше прифатен амандманот на предлог – програмата за социјална заштита за 2021 година.

Советниците ги усвоија предлог програмите за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2021 – 2023  година, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година,  за заштита на животната средина и природата за 2021 година,  за спорт и рекреација за 2021 година, за млади и невладини организации за 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2021 година, за детска заштита за 2021 година, за социјална заштита за 2021 година, за активностите  на општина Охрид во областа на културата за  2021 година, за одбележување празници и манифестации  во 2021 година, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2021 година, за работа на Советот на општина Охрид за 2021 година,  за уредување градежно земјиште за 2021-2023 година, за енергетска ефикасност за 2021 година, за јавно осветлување за 2021 година, за одржување на јавна чистота за 2021 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим  на сообраќај за 2021 година, за  подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година, за други комунални услуги за 2021-2023 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за  2021 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година, за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 до 2023 година, за изградба на системи за одведување и прочистување  на отпадни води за 2021 – 2023 година.

На денешната седница на советниците го усвоија предлог буџетот на единицата на локалната самоуправа за 2021 година.

Беа усвоени и предлог одлуките за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2021 година, за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2021 година. Исто така на денешната седница беа усвоени предлог програмите за усвојување на Програмата за  работата на ЈП  „Водовод“ – Охрид за 2021 година,  за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2021 година,  за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2021 година, за усвојување на План Програмата за работа  и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2021 година, годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, оперативна програма  за организирање и функционирање на службата за зимско одржување  на патишта и улици  на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ – Охрид.

На денешната 53. Седница беа усвоени предлог одлуките за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ООУ “Григор Прличев“ – Охрид, за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на ОСУ “Св. Климент Охридски“ – Охрид, за пренесување на правото на користење на  движни ствари (лаптоп компјутери) на општина Охрид за потребите на СОСУ “Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште  на Кп.бр. 4035/1,4036/1, 4037/1, 4038/1,4036/2 и 4037/3 за   КО Охрид 4, за формирање локалeн совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, за ослободување од плаќање надоместок на превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот за услуги на ЈП „Нискоградба“ – Охрид, за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Водовод“ – Охрид за 2021 година, за дополнување на одлуката за утрдување на цени за користење на спортските објекти и  паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори – Охрид, за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ -Охрид за регулиран период 2021-2023 година.

Точката за предлог одлука за преземање на водоводот од МЗ Куратица и отстапување на ЈП„Водовод“ – Охрид, не беше усвоена.