Ученикот Николче Ангеловски од ОУТУ „ Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски освои II (втора) награда на ,,47 Караманови поетски средби 2020“ во Радовиш за избор на најдобри поетски остварувања во категоријата I и II година средно образование, средни училишта од Македонија.
Младост, живот, љубов, радост беше темата на која твореа учениците.
,,Ние и кога умираме, треба да пееме“ гласи последниот стих на денот кога загинува 17-годишниот Караманов кој поттикнува да се негува песната.
Задоволство е да се негува детската визија за поубав свет и вербата во подобро утре.