Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство венко Филипче.
Инаку 11 годишениот Борче има вродена срцева аномалија. Ова охридско семејство покрај со болеста мака мачат и со сиромаштијата. Мајката Сања е телесен инвалид, а нејзиниот сопруг Перо работи како таксист, она што ќе ги спечали тој е единствениот прилив на сретства во касата на ова скромно семејство.