Пописот, како најсложена статистичка операција, е многу повеке од статистичка операција за Египканите, бидејки , според нашите интерни сознанија, самиот Попис, кој треба да биде објективен , кредибилен , со точно утврдена методологијасогласно принципите на ЕУРОСТАТ, во Македонија има повеке од 30.000 Египкани, како посевна автохтона и автентична етничка заедница.Пописот, кој реалните показатели би ги дала, ако се одржи откако ке се надмине кризата и пандемијата со КОВИД 19, со Претседатели или Зам.Претседатели Египкани во Пописните Комисии, со попишувачи Египкани, а се со крајна цел, да се утврдат веродостојни податоци, очекувањата се дека е има над 30.000 Египкани. Ние,како етничка заедница сме најмаргинализирана, најнеинтегрирана, и ова треба да го загрижи државниот врв, бидејки сите мегународни организации располагаат со овие податоци.Врз Египканите со години се практикува,, тивка асимилација, и без никакви права , принудени се да се декларираа како припадници на други етникуми. Јавна тајна е, дека користат Ромски стпендии, кога неможат како Египкани да користат стипендии наменети за ова етничка заедница. Дали е тоа демократски и фер???Дефинитивно не е. Ако, има стипендии за средношколци и студенти Роми, зошто да нема за Египканите, па да не ги ,,украдеме,, на нашите сограгани Роми???
Пописот, очекувам да даде статистички податоци, како би се креирале политики, во интерес на сите грагани, интегрирачки и продуктивни.
И, сосема на крај, очекувам Пописот да даде сигнал да се официјализира Денот на Балканските Египкани, да имаме соодветна и правична застапеност во институциите на системот,исто така очекувам вработувања на Египканци согласно Рамковниот Договор,
да твориме и создаваме во нашата татковина Македонија, а не тоа да го бараме надвор, принудени, притиснати…тоа, не доликува на Македонија, членка на НАТО и кандидат за полноправен член на ЕУ-ТОА НЕ СЕ ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ.
Со Почит Дипл. правник Демир Далип.
*Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на Ohridvest не сноси одоговорност за содржината на истите