УХМР – Временска Најава

Следува период на претежно суво и многу студено време, особено во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица, кога дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег. Од вторник се очекува благ пораст на дневните температури.

Времето Денес :

Сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.