Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk
15.01.2021
Престанок на важноста на забрана за тешки товарни возила од 08.15ч. на патниот правец крак-Маврово-Дебар во двата правци.
15.01.2021
Престанува важноста на забрана за тешки товарни возила од 05.50ч. на патниот правец крак-Стажа-Ќичево во двата правци.