Драги сограѓани, ја користам оваа прилика да ви го честитам утрешниот празник Богојавление-Водици, а воедно и да апелирам се воздржиме од масовни собири и групирања при негово прославување. Оваа година поради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржуваат само утрински богослужби во црковните храмови и во таа прилика потсетувам на задолжително придржување на препораките за заштита од вирусот Ковид-19.Сега здравјето е најважно, оваа година да празнуваме со најблиските, а следната во поголем број да ја продолжиме традицијата, напиша во својата објава градоначалникот Георгиески на фејсбук.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/760896921182580