СДСМ Охрид започна со ажурирање и регистрација на членството
Во СДСМ започна постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член.
Постапката ќе трае до 25 февруари и по веќе зацртаната динамика ќе се одвива и на локално ниво, вели Лазе Таневски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ -Охрид.
Според Таневски ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел од проширување на внатрепартиска демократија. На овој начин за прв пат во земјава членовите наскоро на непосредни внатрепартиски избори. ќе треба да го изберат и новиот претседател на партијата.
-Постапката во СДСМ започна од најмалите организациски единици на партијата, месните одбори. Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член во Охрид и општината и ќе разговараат почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид -19. Потоа, постапката продолжува во комисиите на општинската организација, па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор. Целосно транспарентно и одговорно, вели Таневски.
Овој современ и транспарентен процес СДСМ ќе го заокружи со издавање нови, модерни електронски членски картички за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе бидат заменети со дигитални.
Членството ќе може да се регистрира и преку онлајн пријавување, во електронска форма. Информациите се достапни на интернет страницата на СДСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи.
Линк до веб страната на СДСМ за ажурирање:
Ажурирање на членство и регистрација