Согласно најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај на Р. Македонија во членот 8-3 стои дека стручно оспособување на кандидатите за добивање сертификат за авто – такси возач го врши правно лице овластено од општината. Условите кои траба да ги исполнува правното лице се да поседува:
- Минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обука;
- Информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција;
- Минимум 3 лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку 3 години работно искуство од областа на транспортот.
Заинтересирани правни субјекти за вршење на стручно оспособување за добивање на сертификат за авто – такси возач можат да поднесат барање до општина Охрид – Сектор за комунален развој, сообраќај и улици, најдоцна до 25.02.2015 година.