ОТВОРЕНО ПИСМО: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПРИТИСОК ВРЗ ЕГИПКАНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОПИС, ДА СЕ ДЕКЛАРИРААТ ТОА ШТО НЕ СЕ-ЖЕСТОКО КЕ РЕАГИРАМЕ.

Како, што и напоменав, без Претседател или зам.Претседател на Општинските Пописни Комисии во Охрид, Струга, Ресен како и соодветен број на попишувачи -Египкани, голема е веројатноста, Египканите, акко посебна автентична и автохтона заедница , да бидат злоупотребувани и манипулирани, а се со крајна цел, да пополнат бројки на други етникуми.

Неспорно е, дека Египканите се на мета на одредени цетри на политичка и финансиска мок, и ако аналитички го разгледаме проблемот од повеке аспекти, јасно е дека ако ПОПИСОТ се одржи во услови на сред пандемија и прогласена кризна состојба, со силен и огроменпритисок од трети страни, нема да се даде реалната бројка на ЕГИПКАНИ во Македонија.

За нас Египканите, мошне значаен е Пописот но тоа да биде во време и во законски услови кои би дале реални статистички податоци, како би се креирале соодветни политики.

На секој оној, кој со теоријата на силата и моменталната мок, ке се обиде Египканите да ги предомисли да се декларираат како НЕЕГИПКАНИ, соодветно ке му биде реагирано, согласно Устав и важечки законски прописи, истакна Дипл.правник Демир Далип, долгогодишен активист за правата на Египканите.