ПОЗНАТИ СЕ ДОБИТНИЦИТЕ НА СТИПЕНДИИ .

Во врска со објавен Конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2020/2021 година познати се добитниците на ученички стипендии и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.

Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител.

Согласно член 10 од Правилникот бр. 09-9375/1 од 21.10.2020 г. за доделување ученички стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Охрид за учебната 2020/2021 г., против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од 5 (пет) дена, од денот на објавувањето за извршениот избор.

Р Е Ш Е Н И Е ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ПО КОНКУРС БР.09-9375/2 ОД 21.10.2020 ГОДИНА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ КОИ НЕ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА УЧЕНИЧКА СТИПЕНДИЈА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

РАШЕНИЕ ЗА КОНКУРС БР.09-9376/2 ОД 21.10.2020 ГОДИНА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА ОХРИД

 Р Е Ш Е Н И Е
  1. Се поништува Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, за академската 2020/2021 година во делот А) кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји за академската 2020/2021 година.
  2. Се врши распределба на парични средства од Програмата А0 од Буџетот на Општина Охрид врз основа на Ранг -листата од 05.01.2021 година на студентски стипендии во академската 2020/2021 година изготвена од страна на Комисијата за постапување по Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, во академската 2020/2021 година и тоа на делот Б) од истиот Конкурс кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ за академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови, и тоа:

РАШЕНИЕ ЗА КОНКУРС БР.09-9376/2 ОД 21.10.2020 ГОДИНА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА ОХРИД