Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес на своите граѓани на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2021 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, како и давање на можност средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид во областа на социјалната политика и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.
– Под правни лица се подразбираат установи од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија кои се занимаваат со активности од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавниот повик за добивање средства од Буџетот на општина Охрид се:
– Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;
– Да спроведуваат активности од минимум една година;
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес кои се од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби ;
– Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.
III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.
Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2021 година.
Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:
– Фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија
– Копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)
– Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021 година“ или лично во архивата на Општина Охрид.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:
- да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината во областа на социјалната заштита;
- подобрување на образованието на лицата со посебни потреби и семејствата од социјален ризик;
- воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни институции и други организации;
- стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти од областа на социјалната заштита;
- поттикнување на научната и критичката мисла преку организирање на семинари, конференции и дебати од областа на социјалната заштита ;
- потикнување на креативноста и подобрување на условите за развој на лицата со посебни потреби;
- унапредување на животот на лицата со посебни потреби;
- развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;
- стимулирање и потикнување на грижата за здравјето на граѓаните од социјално ранливите категории;
- Проекти кои ќе придонесат за намалување на социјалниот ризик и тоа: ризици по здравјето (болест, повреда и инвалидност), ризици на старост и стареење, ризици на еднородителски семејства, ризици од невработеност, ризици од сиромаштија како и ризици од друг вид на социјална исклученост;
- Активности на здруженија на пензионери кои поттикнуваат меѓусебна соработка и поврзување на луѓето во оваа животна доба;
- средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид може да ги искористи како учество во друг меѓународен проект од областа на социјалната заштита кој секако би носел бенефит за градот Охрид.
Општина Охрид финансиски поддржува програми и проекти кои ќе се реализираат во текот на 2021 година, сметано од денот на потпишување на Договор за учество во финансирање на програми/проекти.
Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени средства треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид.
Максималниот износ на доделени средства од страна на општина Охрид кои определено здружение на граѓани може да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој би носел бенефит за градот Охрид изнесува до 100.000,00 денари.
За реализација на проекти или програми кои се однесуваат на подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби и проекти од областа на социјалната заштита и намалување на социјалниот ризик, максималниот износ на одобрени средства од страна на општина Охрид изнесува до 150.000,00 денари.
При тоа за исплата на хонорари на проектниот тим, корисникот може да користи само до 30% од вкупно доделената сума.
Оценувањето на поднесените проекти/програми ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2021 година.
Комисијата за спроведување на постапката за доделување на средства за проектите од јавен интерес и одделението за млади и невладини организации го задржуваат правото во секоја фаза од реализацијата на одобрениеот проект да извршат надзор над субјектот кој користи средства од буџетот на општина Охрид.
V. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Градоначалникот на Општина Охрид.
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).
Бројот на поддржани проекти/програми на Јавниот повик и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Општина Охрид за 2021 година.
Согласно донесениот буџет на општина Охрид за 2021 година, средствата предвидени за оваа намена изнесуваат 1.000.000,00 денари.
VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).
П Р И Ј А В А ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2021 ГОДИНА (word doc.)
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2021 ГОДИНА
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ, ПОСТАПКАТА И КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2021 ГОДИНА