Фудбалерите на Охрид одлично ги отворија подготовките за пролетниот дел од 2МФЛ , Победија со 2-0 против Јагодина.
Екипата која настапува во втората српска лига и котира на средината од табелата, немаше сили да победи против македонскиот тим. По прво полувреме без погодоци, во продолжението победа за Охрид донесоа Александар Целески и Дамјан Божиновски.
Оваа сезона охриѓани се далеку подобри од прекинатата лани, па од тим кој се бори за опстанок станаа сериозен канидат за висок пласман.
Охрид на 16 натпревари собра 28 бодови. што е за два помалку од Велешта и Гостивар , кои се на делба на второто место во западниот дел.