🆕Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа активности за нанесување на специјална течност против замрзнување на коловозот.
❄️Според планираното, ќе бидат опфатени главните сообраќајници во Охрид, стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ и селата Елшани и Коњско.
Се работи за современ практичен метод кој се применува во зимски услови и не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи од снег.