Поради корона кризата, во 2020 година, автомобилската индустрија во целиот свет бележи пад на производството за повеќе од 20 проценти, а пандемијата е причина за намален извоз на компанииите во ТИРЗ зоните во земјата за околу 8%.
Алџезеира го издвои охридски Костал за позитивен пример во време на Ковид криза
Го зголемивме производството во однос на 2019 година затоа што сме компанија во развој и се` уште не сме достигнале оптимална искористеност на капацитетите. Сепак производството беше за повеќе од 20% помало од предвиденото, што значи дека не успеавме да ги исполниме плановите. Но во 2020 вработивме уште 330 лица и стигнавме до 830 вработени. Успешно ги реализиравме новите проекти во време кога во фабриката моравме да водиме грижа за заштитата на вработените од епидемијата. – изјави за Алџезеира генералниот директор на Костал Виктор Мизо.