Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари, како резултат на успешниот процес на раздолжување.
Враќањето на финансиската стабилност e еден од најважните приоритети на оваа локална власт и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија постигнат е евидентен успех, кој има огромно значење за идниот развој на општината.Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните на Охрид!, напиша во својата објава на фејсбук градоначалникот Георгиески.