ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД (2020 – 2025)

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14,44/15, 129/15 и 39/16),Општина Охрид, на ден година, 28.01.2021 донесе

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА
  1. За планскиот документ Стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид, плански период (2020 – 2025) кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид, плански период (2020 – 2025) се определуваат следните: Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија, Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Р.М.,Кластер за туризам за југозападна Македонија,Факултет за туризам и угостителство, ЈУ Национален парк Галичица, ХОТАМ, и Општина Охрид
  3. За планскиот документ Стратегија за развој на туризмот во, Општина Охрид, плански период (2020 – 2025), кој плански документ го изработува ФТУ Охрид на барање на Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство).
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:ohrid.gov.mk
  6. Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД, ПЛАНСКИ ПЕРИОД (2020 – 2025)