Попоски: ЕЛ НИЊО ЗИМА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе биде поблага зима, но повремено со многу ладни периоди и можност за обилен снег

Почитувани, иако официјалната сезонска метео анализа околу тоа каква зима ја очекува Македонија ќе ја објавам во декември, сепак поради тоа што уште од летото постојано се шират вести и анализи за зимата која ни претстои. Едни анализи кажуваат дека ќе има снег, други анализи кажуваат дека ќе биде без снег и топла претстојната зима.

Сепак јас решив еве на кратко да опишам и да дадам една кратка сезонска метео анализа во јавноста за тоа каква зима ја очекува Македонија. Многу се зборува околу силниот Ел Нињо, да, факт е дека пред нас е Ел Нињо зима и дека истиот е многу силен. Сепак, Ел Нињо не влијае на времето насекаде исто во Европа, но јас еве ќе се надоврзам на тоа како влијае на времето во Македонија.

Ел Нињо зима е пред нас во Македонија, сепак и покрај ова, Ел Нињо нема голем интензитет и големо влијание во Македонија, најпогодени од Ел Нињо се западна и југозападна Европа каде сеуште има летни температури кои надминуваат 30 степени. Претстојната зима во Македонија иако поблага, сепак тоа не значи дека нема да има периоди со многу ладно, до екстремно ладно време и периоди со обилни врнежи од снег. Во текот на претстојната зима има веројатност да бидеме зафаени и од многу ладни, до екстремно ладни воздушни бранови од Арктикот кој би донесле голем студ во Македонија.

Од друга страна, кога многу ладниот воздух ќе стигне до Средоземјето, секундарно доаѓа до формирање на снежни циклони, кои оваа зима би можеле во Македонија да донесат и обилни врнежи од снег. Секако, во текот на зимата нормално е дека ќе има и надпросечно топли периоди во Македонија.

Како што погоре кажав, целосната и конечна сезонска метео анализа за претстојната зима во Македонија ќе ја објавам во месец декември, стои во деталната анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

slavcometeo.mk