Мурињо љубоморен на Ван Гал

Португалскиот стручњак на клупата од Челси, Жозе Мурињо со порака му ја честитал новата работа на Луис ван Гал, кој го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед.

– Откако ја добив работата во Јунајтед, Мурињо ми испрати порака и рече дека е љубоморен на листата на тимови што сум ги тренирал во мојата кариера – рече Ван Гал.

Во почетокот на тренерската кариера Мурињо беше прв помошник на Ван Гал додека тој беше во тимот на Барселона.

Холандскиот стратег покрај Барселона на два пати ги предводеше Ајакс, Баерн Минхен и АЗ Алкмар, а моментално е селекторот на „лалињата“ кои ќе настапат на Мундијалот во Бразил.