Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09–7951/10 донесена од општинскиот Совет на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2021
За доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид
1. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за линија:
Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид, за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)
Возниот ред за горенаведената линија кој е прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот може да се подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk.
2. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;
да е сопственик на минимум 2 регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има од 20-32 места за седење и најмалку 15 места за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за вршење општински линиски превоз;
Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и
Да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.
Посебни услови:
При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку 2 возила кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. Двете возила се бараат бидејќи едно возило треба да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.
На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон.
НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола заверена на нотар, а додека за докажување на вработени возачи се приложува Список на вработени по обврзник издаден од ФПИОМ не постар од 60 дена )
Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.
Договорот ќе ги содржи минимум следните одредби:
Економскиот оператор(превозникот) се обврзува дека ќе вози на горенаведената релација за максимална цена односно цена пониска од максималната утврдена со Одлука на Совет(член 25-а од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10);
Општината го задржува правото за промена или дополнување на линиите назначени во возниот ред заверен во општина Охрид притоа превозникот нема да има право на приговор ниту да превзема некакво правно дејство;
Превозникот е должен во целост да ги почитува дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(член 22-б) односно во склоп на општинскиот линиски превоз да врши и превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето во работни денови за период за кој се склучува договорот.
[член 22-б од дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(Сл.весник на Р.М бр.163/18)]
3. Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:
Дозволата ќе биде доделена на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 01/2021, понудил највисок паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет линијата за период од 5 години и ги потпишал изјавата за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид и Изјавата со која неотповикливо се согласуваат дека во целиот период на важност на дозволата ќе ги почитуваат дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на Р.М бр.163/18) и ќе вршат превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето.
Најповолниот превозник за огласената линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа.
Почетната вредност на понудениот годишен надоместок за користење автобуски постојки согласно Одлуката за вршење општински линиски превоз изнесува:
Релација Минимален надоместок за користење на автобуски постоки за период за кој се издава дозволата(5 години)/денари
Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид 10.000,оо
Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.
Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години.
Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација.
4. Појаснување на критериуми
Во врска со критериумите утврдени во овој оглас, превозниците имаат право да постават прашања во писмена форма на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..”>komunalen.razvoj@ohrid.gov.mk.
Краен рок з апоставување прашања: 10.02.2021 година до 12 часот.
5. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понуда во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицира
во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:
,, Не отворај” ЈАВЕН ОГЛАС БР.1
Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид
До
Општина Охрид
ул. ,,Димитар Влахов” бр.57
Понудата за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:
Полн назив, седиште и адреса на превозникот;
Матичен број и адреса на превознокот;
Пополнет образец на понуда;
Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од точка 2(два) од јавниот оглас;
Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници) и
Изјава со која неотповикливо се согласуваат дека во целиот период на важност на дозволата ќе ги почитуваат дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на Р.М бр.163/18) и ќе вршат превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето.
Во образецот понуда во делот надоместок, превозникот самиот го наведува износот на годишниот паушал за користење на автобуски постојки.
Понудите кои нема да ја содржат целокупната барана документација нема да бидат предмет на евалуација.
Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.
Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворен коверт со назнака за Јавен оглас 01/2021, најдоцна до 12.02.2021 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас бр.01/2021 за релација-Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид. Отворањето на понудите ќе се спроведе јавно, на ден, место и по протокол кој дополнително ќе биде утврден од страна на општината. Информацијата за отворањето на понудите ќе биде објавена на општинската веб страна.
Извор:www.ohrid.gov.mk