СДСМ Охрид ги губи директорите во градот

Изминатиов период СДСМ Охрид го изгуби директорското место на Царина од каде се разреши Охриѓанецот Ѓоко Танасоски а на негово место се постави Горан Сугарески од Прилеп, потоа СДСМ Охрид го изгуби и директорското место на Националниот Парк Галичица каде на местото на Васко Паскали од Охрид дојде кадар од Ресен , додека во Н.У. Охридско Лето веќе две години раководено е од директорка донесена од Скопје.

Дали во наредниот период ке продолжи измената на Охридскиот кадар на директори поставени од Сдсм Охрид, и што може да биде причината за тоа !?

– Веќе подолг период се ниша и фотељата на директорот на Охридската болница кој се најде во скандали и полициски билтен .


-Исто така дознаваме дека и еден Директор кој е високо позициониран во Сдсм Охрид и претендира за претседателското место на СДСМ Охрид поминувал со флешери на патарини кога патувал за Скопје со цел да не плати патарина од 30 денари.

Јавното обвинителство лесно може да го провери и докаже овој случај, бидејќи патарините се покриени со надзорни камери, што значи и дека е снимен директорот од Охрид кој користел флешери за да не плати 30 денари патарина.

Доколку обвинителството сака може многу лесно да го докаже ова, а тоа ќе значи заминување од функција на директорот.

Останува да видиме организацијата на СДСМ од Охрид заради овој најнов скандал дали  ќе го изгуби и ова директорско место .

– Дали можеби причината за смените на Охридскиот кадар на директори поставени од Сдсм Охрид и поставување директори во Охрид од други градови е поради тоа што СДСМ Охрид од 2018 година ги бележи најкатастрофалните резултати на изборите  во историјата на Охрид.

2017 година на Локалните избори–Сдсм освои 18.262 гласа .(најдобар резултат во историјата на Сдсм Охрид)


Потоа доаѓа промена на претседателското место на Сдсм Охрид
На местото на Тунтев доаѓа познатиот бизнисмен Лазе Танески и резултатот е следниот :

2018 РЕФЕРЕНДУМ – 14.401
2019 Претседателски 1круг – 12.447
2020 Парламентарни  – 10.813 гласа

  • Секоја година Сдсм Охрид губи ДВЕ ИЛЈАДИ подржувачи.

Останува да видиме Дали следно на Јавните претпријатија ке се назначат директори од Кичево или Струга .

Во меѓувреме тече и ажурирањето на членството на Сдсм Охрид а во медиумите пристигнуваат докази за лажирање на ажурирањето за што ке ве известиме !!