Јавното претпријатие “Градски Гробишта” Охрид последниве неколку години бележи позитивни статистички податоци во своето работење. Само изминатата 2020 година бележи вкупни приходи од 29 687 452 денари. Што се однесува до заштедата на средства по основ на пониски цени тоа се околу 70 000 евра за период од 3 години.
Ако се направи ретроспектива од 2017 година до 2020 година, може да се увиди дека на минимум се сведени тошоците за цените на основните материјали, односно цемент кој го користи ова претпријатие. па та,а во 2017 година тоа изнесувало 466 денари, за постепено да се намалува и минатата година биде 275 денари. Исто е и со цената на основниот материјал песок, каде во 2017 година изнесувала 1077 денари за во 2020 год дојде до 661 денар.
Како што истакнува првиот човек на ЈП ‘Градски горбишта”, Ванчо Костоски, во поглед на стасаните долгови по години, највисок бил долгот во 2017 година кој изнесувал 5 627 646 ден, а со домаќинско работење минатата година ја заокруживме со драстично намален долг од 1 375 695 ден. Исто така намален е и бројот на вработени ако се гледа ретроградно од 2017 кога имало 61 вработен, до минатата година се вкупно 57 работени, додава Костоски.