Египќаните подготвени да го дочекаат Пописот на населението и да бидат позитивен фактор во неговата успешна реализација. Денеска во Охрид одржаа состанок на кој едногласно донесоа одлука на пописот кој треба да се одржи во април во графата за етничка припадност да се пишат – Египќани.
„Граѓанскиот сектор од заедницата на Египќаните придружена од политички граѓански активисти , вечерва во Охрид се состанаја со цел да се спроведе, успешен попис на населението за становите и домаќинствата за да се добие реалната бројка на граѓани. Се формираше кординативен одбор со цел да се зголеми одзивот и да се опфати целото население од заедницата на египќаните и другите граѓани“, истакна професор д-р Рубин Земон.
„Египќаните на овој состанок конечно се сплотивме во едно координирано тело. Оставени се на страна сите наши разлики дали да се од лична или политичка природа. Македонија прави попис, а на него најважно е да се кажиме дека сме Египќани и ништо друго, истакна Бесим Демиров советник во советот на градот Охрид.
“Ние како Египќани кои сме со векови дел од ова општеството сме свесни дека мора да се попишиме и да покажиме дека постоиме како посебна етничка заедница која ја сочувала свеста за своето постоење иако низ вековите сме биле потиснати на маргините од општеството. Светот се менува, се менуваме и ние новите генерации Египќани кои правиме се да сме вклучени во општеството. Египќаните се Египќани и така ние ќе се изјасниме на пописот. Политички притисоци нема да има бидејќи се залудни. Ние знаевме што сме и кои сме“, истакна Орхан Демироски.
Инаку на останокот денеска присуствуваа Здрузение египќани „Пирамида зем“ претставувано ид претседателот Арбен Демироски, Здрузението „Птах“ од Струга претставувано од Тони Бичак, Здружението на египќани од Ресен, Здрузението „Инклузија“, претставувано од Вахид Мемед, Здружението на балканските египќани во Р.М – Аднан Ашимоски ,претставници на студентите беа Орхан Демироски и Алмир Цани, Рубин Земон поранешен претседател на балканските египќани и претседател на „Поен“
Советнникот Бесим Демиров и Демир Далип – активист за правата на египќаните, дипл.правник.
Египќаните конечно се обединаа на единствено координативно тело, така што ова обединување има тенденција да се ефектуира објективниот реалниот и веродостоен описен процес, каде што Египќаните можат да наддаваат во реален и објективен број – дипл. Правник и граѓански активист за правата на Египќаните Демир Далип.