Зимата на Балканот и во Македонија може да дојде многу порано

Моменталните ажурирања на метеоролошките модели ужуваваат на тоа дека зимата на Балканот и во Македонија може да ни пристигне многу порано, и тоа уште во почетокот, односно во првата седмица од ноември.

Уште во првата седмица од ноември метеоролошките модели цртаат надоаѓање на онаа вистинска зима и зимски температури на Балканот и во Македонија, многу ниски минусни температури и појава на мразеви. Во ваква ситуација секако е дека може да се појават и првите врнежи од снег за оваа сезона и на помала надморска височина.

Сепак, понатаму постојано ќе ја следам состојбата на метеоролошките модели околу ова можно сценарио. Секако да напоменам дека граѓаните не треба ова да го сватат здраво за готово, промени околу ова можно сценарио понатаму со следните ажурирања на метеоролошките модели се можни, стои во метео прогнозата од метеопрогнозерот Славчо Попоски.