ИНТЕНЗИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО И ГРАДСКИОТ КЕЈ

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни активности за расчистување на отпадот кој езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и градскиот кеј.

Поради временските неприлики и силниот јужен ветер, секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад, како и наноси од трска, реси и муљ.

Со цел да се одржи јавната чистота во градот на највисоко ниво, ваквите активности за чистење ќе продолжат и во текот на наредните денови.