ОПШТИНА ОХРИД ПОСТАВУВА ОГРАДА НА СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ВОСКА

Со средства на Општина Охрид во вредност од  760.000 денари се  оградува спортското игралиште во населба Воска.

Проектот којшто го реализираат екипи на ЈП „Градски Гробишта“ е во завршна фаза и подразбира подигнување на потпорен ѕид и поставување метална ограда околу игралиштето.

Целта на проектот е заштита и разубавување на јавните добра во градов.