ДВЕ СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

По подолго време, денес со физичко присуство беа одржани две седници на Советот на Општина Охрид. Педесет и петтата и педесет и шестата седница беа со по една точка на дневниот ред: Советнички прашања  и предлог одлука за доделување на  компјутерска опрема (таблети) за ОУ “Братство Единство“.

На седницата за советнички прашања, доминираа теми од сите сфери на работењето на локалната самоуправа и јавните претпријатија.