Денес, како пратеник во собранието на РСМ, го посетив здружението на пензионери на општина Охрид каде остварив средба со претседателот Г-дин Ѓорѓи Трпчевски и секретарот Г-дин Стефан Владимиров. На средбата дискутиравме за иницијативата за изменување и дополнување на член 105 од Законот за здруженија и фондации која е поднесена до собранието на РСМ. Како пратеник чувствувам голема одговорност и секогаш ќе се залагам за унапредување и остварување на правата, целите и интересите на пензионерите.
Фб Лазе Таневски