ВМРО ДПМНЕ и СДСМ водат кампања на ФБ,а никој не се фати за лопата

Војната меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на тема снег која започна вчера продолжува и утрово.

Младите од ВМРО ДПМНЕ цела ноќ и утрово сликаат улици и објавуваат на Фејсбук критикувајќи дека власта не ги исчистила улицитеи и улиците ги викаат Скијачки Центри . Така партијата ( ВМРО ДПМНЕ ) сака да направи бесплатна кампања и да собере поени.

Во меѓувреме младите од СДСМ се сликаа како делат чај на комуналците кои премрзнати го чистат снегот. Така партијата ( СДСМ ) сака да направи кампања со мал трошок ( со пет чаја од автомат ) и да соберат политички поени.

Општинскиот секретар Игор Бежоски повикува да не се дејствувало на Фејсбук, туку да се фателе сите за лопати, Лајковаа сите директори и цело раководство на Сдсм Охрид , но и тие не фатија лопата па останаа само со постовите и лајковите на Фејсбук.

ВО МЕЃУВРЕМЕ ВОЈНАТА ПРОДОЛЖИ СО ПРЕСОВИ И СООПШТЕНИЈА НА КОИ СЕ СМЕЕ ГРАДОТ

ВМРО ДПМНЕ на прес конференција изнесе срија обвинувања на сметка на СДСМ. Прес конференцијата се одржа пред комитетот и јасно се виде дека од партијата не си го исчистиле снегот ни пред својот комитет. Потоа уследи контра соопштение од СДСМ во кое се критикува ВМРО ДПМНЕ дека не си го чистеле снегот пред комитетот и се посочува дека , како што стои во соопштението: „За разлика од ВМРО ДПМНЕ ( снег и само стапалки ) пред нашето седиште толку колку што се можеше е расчистено и ќе се чисти“.

На крај сепак граѓаните видоа каква таква корист, само од вработените во J.П Охридски Комуналец кои упорно чистат и работат на снегот во Три смениво минусни температури до -10.