ОТВОРЕНО ПИСМО: ТРЕБА ДА СЕ ПОДРЖУВА ВО ЛИЧНАТА КАРТА ДА СТОИ ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ.

За нас Египканите, од исклучителна важност е да се подржат измените во Законот за лични карти и да биде вметната графа за етничка припадност. Ова, особено што Египканите во Македонија се надвор од Уставната Преамбула, немаат официјализирано ден -посветен на ова етничка заедница, и ова за нас Египканите е историска придобивка. Не гледам ништо спорно, дравјанство да е Македонско, а етничка припадност-Египкани.

Во суштина тоа е рефлексија и на мултиетнчкиот карактер на државата, а ние Египканите ке бидеме горди на тоа. Кога, не негираат кој како ке стигне, во ваков случај тоа не ке можат да го направат.

Правото на слободно изјаснување на етничката припадност ни е загаранитирано со Устав, и тоа треба да се искористи максимално, истакна дипл.правник Демир Далип, кој додаде дека за престојниот Попис, кога и да се одржи, треба помасoвно да се активираат Египканите.