Херојски подвиг ни доаѓа од градот Охрид.
Фудбалерот на фудбалскиот клуб Охрид, Един Мерсовски, успеал да спаси три малолетни деца од давење во езерото.
Се уште не се разјаснети околности околу тоа како децата се нашле во водата, но се верува дека еден од децата се лизнал и паднал во езерото, па останатите тргнале на помош, но откако Мерсовски увидел дека децата се во паника и вознемирени, скокнал во езерото со цел да ги спаси и успеал во таа мисија.
Веста за овој херојски чин на Един Мерсовски ја пренесе медиумот „News1mk“. Според информациите на овој медиум, дечињата не биле поголеми од 10 години.