Добрососедски односи преку младински пријателства

„Да ги поврземе поврзувачите“ е дводневната конференција која започна денеска чија цел е отворањето на билатералните канцеларии за младинска соработка меѓу Грција и Северна Македонија. Предвидено е учесниците на конференцијата да креираат и предлог документи со политики и активности со конкретни чекори за младинска соработка кои ќе ги достават до министерствата за надворешни работи на двете земји. Овој процес го започнаа невладините организации „Младински сојуз – Крушево“ и „Младинскиот сојуз УНЕСКО“ од Солун минатата година.

Претставници од Здружението Инклузија од Охрид ја следеа дигиталната конференција од Охрид.

Преставници од Здружението Инклузија

Идејата за канцелариите поттекнува од Преспанскиот договор, кој предвидува дека „државите ќе дадат поддршка и ќе ги поттикнат контактите меѓу нивните граѓански општества, како и меѓу нивните институции и локални власти, вклучително и активностите за соработка меѓу младите и студентите, како и нивна размена, а со цел постигнување на подобро разбирање и соработкамеѓу нивните народи“.