Денес се одбележуваат 17 години од прераната и трагична смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски.

Таткото на нацијата треба да биде силна, посветена, непристрасна и стабилна личност, која со своето однесување и делување ќе влева доверба кај сите граѓани независно од нивната партиска, верска, родова и етничка припадност…

Денес се одбележуваат 17 години од прераната и трагична смрт на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски.

Трајковски ќе остане запаметен по мудроста и зрелоста во донесувањето на политиките во интерес на сите граѓани. Покрај тоа, тој посветено градеше мостови на пријателство застапувајќи ја идејата дека нашата татковина припаѓа во евро-атланското семејство.

Нека му е вечен споменот!