Пристапна патека за инвалидизирани лица во охридскиот Архив

Почитувани,
Особена чест и задоволство ни преставува да Ве известиме дека пристапот до охридскиот Архив при самиот влез е овозможен и за инвилидизирани лица.
Имено патеката за инвалидизирани лица преставува донација од ЈП Градски Гробишта Охрид и во оваа прилика Архивот им се заблагодарува на директор г-дин Ванчо Костоски и самото претпријатие.
Сметаме дека во 21 век можностите треба да бидат еднакви за сите.
Од таа појдовна точка тргнавме и ние како институција се со цел подобрување на условите на сите наши посетители.
Останува при изработката и самата ограда која треба да биде поставено во најбрз можен рок.
Со почит,
Архив Охрид

Фото : Архив