Градоначалник Константин Георгиески :
🚴🚴♀️Поставивме велосипедски постојки на девет локации во градот.
🔹На улица „Македонски Просветители“ кај трговскиот центар „Амам“,
🔹На улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар,
🔹Кај меѓуградската автобуска станица во Охрид ,
🔹Пред „Маларична“,
🔹Кај Факултетот за туризам и угостителство,
🔹Во непосредна близина на поштата
🔹Пред општинската зграда.
🚴♀️🚴Градиме здрави животни навики и го редуцираме сообраќајот во градот. Проектот е во вредност од 600.000 денари и општината го реализираше во соработка со ГИЗ и ЗЕЛС.