Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска изведува градежни активности на неколку локации низ градот. На улицата „Коста Абраш“ се врши нивелирање на калдрмата. Се поставува тампон подлога и се прередуваат камените коцки. На улицата „Никола Карев“ кај Историски архив се поставува бехатон подлога на тротоарот, додека на ул. „Кузан Јосифоски – Питу“ се врши санација и нивелирање на шахтите од мрежата за одведување на отпадни води. Покрај овие активноси ЈП „Нискоградба“, врши контрола и прочистување на пумпните станици „Канео“, „Мал плоштад“ и пумпната станица „Рача“.