Врските, а не клиничката состојба и симптомите, се причината поради која што денеска сестра ми беше примена во болницата во Охрид, вели за „Слободен печат“ Снежана Билко чија сестра имала покачена телесна температура и снижена сатурација, но сепак според кажувањата на семејството, не добила болнички кревет и хоспитализација додека не пронашле врски.
-Татко ми има 76 години и денеска е хоспитализиран, откако пред два дена го вратија со образложение дека му спаднала температурата. После два дена борба денеска го задржаа иако очекуваме резултати од тестот. Сестра ми која има 50 години и живее со татко ми, се бори три дена дома. Денеска ја вратија, отиде во болницата и ја вратија со образложение дека таква им е процедурата, а тест и закажаа дури во понеделник. Отиде едвај со такси и со 39 степени температура. Прима спрејови за дишење и има прележано три пати запаление на белите дробови. Во охридската болница ја вратија, не ја прегледаа, не и дадоа ниту инфузија. Само ја препратија да се врати дома, да направи крвна слика утре, па да се види како понатаму. Во моментов сестра ми има 40 степени температура и оди повторно сама со такси. Но, најдовме врски за да ја примат. Срам да им е! Дали пациентите се примаат во болница само на умирање? Сега во моментов е на интерно и прима инфузија со падната сатурација, додаде Билко.
повеке информации на линкот : https://www.slobodenpecat.mk/https-www-slobodenpecat-mk-wp-admin-post-phppost498653actionedit/