Отворена канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Од денеска 12 март започнува со работа Канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Охрид во зградата на стариот објект на Градскиот пазар.

Во таа Канцеларија ќе остваруваме средба со граѓаните на Охрид каде што сите тие ќе можат да дадат свои предлози и идеи како за подобро да биде во нашиот град со тоа што ние дали директно преку амандмани или предлози ќе можеме сите нивни идеи да ги имплементираме во периодот којшто следи.

Во Канцеларијата ќе работи и асистент пет дена во неделата ќе може да закажува средби и истите понатаму да се реализираат заедно со пратениците каде што граѓаните ќе може директно да ни се обратат и нормално да ги реализираме сите работи заедно, истакна на нденешната прес средба пратеникот во собранието од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.

Како што истакна пратеничката Лидија Петкоска канцеларијата ќе биде отворена пет дена во неделата а со цел предлагање на предлози и идеи.

Со вашите барања, предлози и идеи ние ќе бидеме подобри пратеници, а истовремено нема да дозволуваме законските решенија да доцнат или да се движиме во непосакуван правец, истакна Петкоска.