По идеја на првиот човек на ЈП “Градски Гробишта” Ванчо Костоски и поддршка од страна на Локалната Самоуправа и градоначалникот Константин Георгиески веќе е поставена и наскоро ќе почне со функција сончевата електрична централа на ова јавно претпријатие.
Електричната централа е со моќност од 20 киловати .
-Идејата ја имав пред повеќе од една година и ете сега успешно ја реализираме. Станува збор за сончева електрична централа со моќност од 20 киловати што значително ќе допринесе до заштеда на 30 000 киловати годишно. Инвестицијата е во вредност од 12 600 евра а сончевата централа ја поставивме во текот навчерашниот ден. Потребно е да се постави двонасочно броило и веќе да биде ставена во функција, истакнува директорот на ЈП “Градски Гробишта” Охрид, Ванчо Костоски.
Како што нагласува Костоски, целта на ваквиот потег пред се е заштеда на електрична енергија, но и заштита на човековата околина со искористување на сончевата енергија и намалување на штетните СО2 емисии во атмосферата.
Ова е прво јавно претпријатие во Охрид кое поставува ваква сончева електрична централа а како изведувач е скопската фирма “Квазар” со панели од македонско производство.